Connect with us

Бруно Гимараеш прави мега-трансфер, англиски премиерлигаш плаќа 100 милиони фунти

Бруно Гимараеш во јануарскиот преоден рок најверојатно ќе направи трансфер, откако неименуван англиски клуб ја активирал неговата клаузула вредна 100 милиони фунти. Бразилецот речиси сигурно ќе остане во Премиер – лигата, но во нов клуб и за астрономска сума.

Неговиот премин од Лион во Њукасл своевремено предизвика изненадување, особено ако се земе предвид интересот од европските гиганти како Барселона, ПСЖ и Арсенал.

„Чавките“ тогаш издвоија 42 милиони евра, но сега се наоѓаат во позиција да остварат повеќе од двојна заработка. Во договорот на Гимараеш е вклучена откупна клаузула од 100 милиони фунти, сума што би можела да биде активирана.

Најверојатно се работи за Челси, иако и Манчестер Сити долго ги следи настапите на Бруно Гимараеш.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови