Connect with us

Бруно Гимараеш: Бразил секогаш е меѓу фаворитите за трофејот

Играчот од средниот ред на бразилската репрезентација, Бруно Гимараеш, порача дека Бразил секогаш мора да се смета за еден од главните фаворити на секое големо натпреварување, без разлика на актуелните прогнози.

„Бразил секогаш е фаворит на секое натпреварување на кое учествува. Никој друг нема пет ѕвезди на своите гради“, изјави Гимараеш, алудирајќи на петте светски титули на јужноамериканската селекција.

Фудбалерот нагласи дека историјата сама по себе не носи резултати на теренот, но смета дека квалитетот на актуелниот состав е доволна причина Бразил да биде меѓу кандидатите за највисок пласман.

„Знаеме дека тоа не се пренесува директно на теренот, но ние имаме свој стил на игра и одлични фудбалери кои настапуваат во најголемите клубови во светот, како Винисиус Жуниор и Рафиња“, истакна играчот на Њукасл.

Гимараеш додаде дека бразилската репрезентација заслужува поголема почит од јавноста и ривалите.

„Треба да има почит кон нашата репрезентација. Во Англија, сите со кои разговарам имаат огромен респект кон Бразил“, заклучи бразилскиот репрезентативец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови