Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, се надева дека драматичната победа над Рома со 3-2 во Лигата на шампионите ќе биде пресвртница за тимот и почеток на подобар период. Португалецот ги коментираше и шпекулациите за неговиот однос со менаџерот Мајкл Кeрик, отфрлајќи ги тврдењата дека фудбалерите играле за да ја спасат неговата тренерска позиција.
„Не треба да спасуваме ничија работа. Оваа победа му беше потребна на клубот, но и на самите фудбалери. Сите работиме напорно за заедно да излеземе од тешката ситуација. Имаше многу шпекулации во медиумите и многу невистини за тоа што се случувало меѓу мене и менаџерот. Се пишуваше дека сме ги расчистиле недоразбирањата, а потоа тој решил да ме остави на клупата бидејќи не сум играл добро“, изјави Фернандеш.
Португалецот призна дека дел од јавноста неговата преселба на клупата го протолкувала како казна за претходните изјави, но нагласи дека тоа не влијаело врз неговата доверба во тренерот.
„Ако тоа било казна, тогаш менаџерот имал право така да постапи. Тој ги носи одлуките. Тоа не ја менува мојата доверба во него, во стручниот штаб и во сите играчи на овој клуб. Ниту, пак, ја менува мојата желба да победувам на секој натпревар“, додаде капитенот.
Фернандеш не го криеше разочарувањето од резултатите на Манчестер Јунајтед во изминатиот период, посочувајќи дека најголемиот проблем е недостигот од континуитет во играта.
„Моментално е тешко да се најдат вистинските зборови. Минуваме низ тежок период, не играме онака како што сакаме и не ги остваруваме резултатите што ги очекуваме. Имавме добри моменти, но не успевавме да го задржиме нивото во текот на целиот натпревар. Знаевме колку ни е важна победата. Навивачите продолжија да веруваат во нас, а чувствувавме дека еден гол може да го промени текот на работите. За среќа, успеавме во тоа“, истакна Фернандеш.
Капитенот се осврна и на пеналот што најпрво го промаши, но потоа доби можност за повторно изведување и ја затресе мрежата.
„Првиот удар не беше онаков каков што посакував. Направив грешка, но добив втора шанса. Го избистрив умот и размислував само како да ја испратам топката во мрежата. Знам дека на навивачите им е тешко. Нивната поддршка ни значи многу, а ова беше една од оние вечери кога „Олд Трафорд“ повторно оживеа“, објасни португалскиот фудбалер.
Тој нагласи дека разочарувањето на приврзаниците е целосно оправдано, со оглед на очекувањата што ги носи името на Манчестер Јунајтед.
„Во овој клуб мора да играш на високо ниво, да остваруваш резултати и да победуваш. Долго време немавме триумф и тоа беше разочарувачки и за навивачите и за нас. Нивната реакција не ја сфативме погрешно, бидејќи е сосема нормална. Тие сакаат победи и навикнати се да го гледаат клубот на врвот, како освојува трофеи. Тешко е да се прифати сегашната ситуација. Сите сме разочарани и сакаме што побрзо да ја промениме. Се надевам дека оваа победа ќе биде почеток на нешто добро за нас“, порача Фернандеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













