Connect with us

Бруно Фернандеш ќе паузира околу еден месец

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, може да отсуствува околу еден месец поради повредата што ја доби на вчерашниот натпревар против Астон Вила. Португалецот веќе покажуваше проблеми кон крајот на првото полувреме, но го доигра, по што беше заменет на одморот.

По натпреварот, Рубен Аморим откри дека станува збор за повреда на меките ткива и дека Бруно ќе пропушти неколку натпревари, но точниот период сè уште не е дефинитивно потврден.
Според британските медиуми, Бруно Фернандеш ќе биде надвор од игра околу еден месец, што значи дека може да пропушти седум натпревари на тимот во тој период.

Повредата доаѓа во најнеповолен момент, бидејќи Аморим во моментов не може да смета на Брајан Мбеумо, Амад Дијало и Нусаир Мазрауи, кои се со националните тимови на Африканскиот куп на нации. Исто така, Коби Мејну се повреди на тренингот во петокот и нема да биде достапен за натпреварот против Њукасл на „Боксинг Деј“.


Ограничениот избор на менаџерот беше причина да мора да ги вклучи 18-годишните Џак Флечер и Шеј Лејси во составот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови