Connect with us

Брокерот кој со математичка формула ги погоди шампионите на минатите два мундијали, даде прогноза за Катар

На неполни два месеци до почетокот на Светското првенство во фудбал во Катар, веќе постојат различни претпоставки за тоа кој ќе триумфира. Сепак, една од нив се издвојува. Му припаѓа на брокерот Јоаким Клемен, кој создаде математичка формула за пресметување кој ќе биде новиот светски шампион.


Преку не веќе ги погоди победниците на последните две светски првенства, во 2014 година погоди дека тоа ќе биде Германија, а во 2018 година се обложи на Франција и исто така беше во право.


Клемен е брокер во „Либерум Капитал“, која работи повеќе од две децении. Ова му дава самодоверба да се обиде трет последоватен Мундијал однапред да го прогнозира победникот.

Формулата што ја создал вклучува различни елементи. Тој ја разгледува моменталната форма на тимовите, но и разновидните социо-економски варијабли кои не се директно поврзани со спортот, но за кои верува дека влијаат и на перформансите на тимовите, особено на меѓународната сцена.

Ја вклучува во формулата и популацијата на одделни земји, БДП и многу други фактори кои се внимателно анализирани. На крајот го додава и факторот „шанса“.

Така, според неговата формула, нов светски шампион ќе биде Аргентина. Лионел Меси и компанија во финалето ќе ја совладаат Англија, а во полуфиналето ќе ја елиминираат Шпанија.
Досега, Клемен беше беспрекорен во предвидувањата, но сепак остави можност дека овојпат може и да погреши.

„Јас се ​​занимавам со финансии, знам да оправдам погрешна прогноза. Ако сум во право, ќе кажам дека тоа е вештина, но ако грешам, ќе обвинам некој друг“, се пошегувал брокерот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови