Connect with us

Брера вториот дел од подготовките ќе го реализира во Грција

Македонскиот прволигаш Брера денеска ги почна подготовките за пролетниот дел од првенството кои ќе се реализираат во три фази. Првиот дел ќе се одвива во Струмица, а потоа струмичани ќе заминат на подготовки во Грција од 20 до 31 јануари, каде ќе одиграат и неколку пријателски натпревари.


Последната фаза повторно ќе ја реализираат на свој терен во Струмица, пред стартот на вториот дел од сезоната.


Брера напролет ќе биде ослабена, со оглед дека замина одличниот напаѓач Фахд Нзенге кој како слободен агент се пресели во Шкендија. Сепак, најавите се дека ќе пристигнат неколку нови имиња во тимот на Мартин Алаѓозовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови