Connect with us

Брера му даде седум гола на Шкупи

Брера приреди вистинска голеада во шестото коло од Втората македонска лига, совладувајќи го Шкупи со неверојатни 7-0 и освојувајќи важни три бода во борбата за врвот.

Домашниот состав уште на стартот најави каков натпревар го очекува Шкупи. Велков во четвртата минута ја затресе мрежата за 1-0, но по раното водство следуваше период без голови до паузата.

Сепак, во второто полувреме Брера целосно го презеде натпреварот. Струмичани постигнуваа гол по гол, додека Шкупи не успеа да најде решение за играта на домаќинот. До последниот свиреж резултатот достигна убедливи 7-0.

Со оваа победа Брера Струмица стигна до 13 бода и се искачи на второто место на табелата, со натпревар помалку од лидерот Пелистер.

Пелистер моментално е прв со 14 бодови, Брера има 13, додека Охрид е трет со 12 освоени бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови