Брера Струмица и Македонија Ѓорче Петров ги поделија бодовите во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига, играјќи 1-1 на стадионот во Струмица.
Дуелот започна без преголеми возбудувања, но домаќините постепено ја презедоа иницијативата. Наградата стигна во 20. минута кога Леонардо Петровиќ го постигна својот прв гол во дресот на Брера, крунисувајќи ја асистенцијата на Велков за водство од 1-0.
Гостите од Ѓорче Петров брзо реагираа и тргнаа по израмнување. Еступињан имаше одлична можност, но Славе Вргов беше сигурен. На другата страна се закани Тодоров, а Ристе Јанков одговори со навремена интервенција.
Во 38. минута Софијаноски ја затресе мрежата на Брера, но ВАР сигнализираше игра со рака и погодокот беше поништен.
Сепак, „лавовите“ стигнаа до заслужено израмнување пред паузата. По еден невнимателен старт во шеснаесетникот беше досуден пенал, кој првично Вргов го одбрани по ударот на Христијан Пецов, но капитенот на гостите беше најснаодлив по одбиената топка и израмни на 1-1.
Во продолжението Македонија ЃП повторно бараше најстрога казна поради игра со рака, но овојпат судијата не покажа на белата точка. Еступињан уште еднаш се најде во шанса, меѓутоа Вргов повторно излезе како победник од дуелот. Работите за гостите дополнително се искомпликуваа во 69. минута кога Марио Ричков заработи црвен картон.
До крајот Брера беше поагресивна во обидите да стигне до триумф, додека „лавовите“ се бранеа и се обидуваа од контри. Мрежите, сепак, мируваа и резултатот од првото полувреме остана непроменет.
Со освоениот бод Брера стигна до 20 поени и се наоѓа на осмата позиција, додека Македонија Ѓорче Петров со 16 бода останува две места подолу на табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













