Connect with us

Брентфорд одигра за Сити, го изненади Арсенал со реми (ВИДЕО)

Арсенал не успеа да дојде до триумф на гости кај Брентфорд, откако одигра 1-1, со што предноста над второпласираниот Манчестер сити се намали на само четири бода.

Арсенал пристигна со намера да продолжи со победничката традиција, но веќе во првото полувреме беше јасно дека нема да им биде лесно. Четири жолти картони во првите 45 минути покажаа дека мечот ќе биде борбен и физички интензивен.

Првата сериозна шанса ја имаше Игор Тијаго, чиј удар со глава во 22. минута го одбрани Давид Раја. До крајот на полувремето не се случи ништо значајно.

Арсенал поведе во 61. минута со гол на Нони Мадуеке, кој со глава ја искористи прецизната асистенција на Пјер Инкапи.

Брентфорд одговори во 71. минута кога Кин Луис-Потер постигна гол за 1-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови