Connect with us

Бремер: Никогаш не сум побарал Јувентус да ме продаде

Бразилскиот дефанзивец Бремер ги демантира шпекулациите за својата иднина и јасно порача дека никогаш не побарал да го напушти Јувентус. Стоперот истакна дека останува целосно посветен на амбициите на клубот, пренесува италијанската „Газета дело Спорт“.

„Очигледно, сè уште не сум во најдобра форма бидејќи подоцна ги започнав подготовките. Но, чувствувам дека наскоро ќе ја достигнам вистинската форма и дека тимот оди во вистинската насока“, изјави Бремер.

Бразилецот неодамна зборуваше и за амбициите на Јувентус, посочувајќи дека клубот не смее да се задоволи само со борба за четвртото место во Серија А.

Сега тој сака да ги разјасни своите зборови.

„Сакам да го разјаснам тоа. Не го кажав тоа затоа што барав изговор за да си заминам. Ако нешто сакав да покажам, тоа беше мојата амбиција. Сакам Јувентус да се врати таму каде што му е местото“, порача дефанзивецот.

Во однос на својата иднина, Бремер беше категоричен дека никогаш не побарал од раководството да биде продаден.

„Не сум побарал од Јувентус да ме продаде. Особено во тежок момент, и за клубот и за мене, тоа никогаш не би ми паднало на памет. Тоа би било како да бегам. Ако еден ден се разделам со Јувентус, можеби кога ќе остарам, ќе заминам со крената глава“, заклучи Бремер.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови