Брегалница одамна размислува за елитата и враќањето во Првата лига, но сака со сил да ја заокружи второлигашката одисеја. Штипскиот тим нема пораз во текот на целата сезона и сака со триумф над Тиквеш да потврди дека е неприкосновен оваа сезона на Истокот.
Со десет гола и пет асистенции Кудијан е еден од предводниците на нападот на „сините“, запишувајќи се во листата на стрелците и во последната победа од 2-1 против Кит Го. Сега во сабота, 15. мај, во Штип на домашен терен против Тиквеш останува уште официјалната славеничка заверка на пласманот во Првата лига.
„Одигравме интересен, квалитетен и тежок натпревар за двете екипи против Кит Го кој е одличен противник со навистина квалитетни играчи, за што потврда се нивните игри сезонава. Во првото полувреме не бевме на нашето ниво, но во вториот дел ги искористивме шансите и заслужено дојдовме до трите бода“ – вели Кудијан, притоа дополнувајќи:
„Среќен сум поради голот, затоа што и веќе петти едноподруго натпревар или постигнувам погодок или асистирам за гол кој носи бодови на нашата екипа. Но, најважно е што продолжуваме со позитивните резултати. Единствена екипа сме која нема пораз во трите наши лиги, и сигурно ќе дадеме 100% од нас така да остане и по последното коло“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski