Connect with us

Брегалница убедлива на тестот со Плачковица, Додев блескаше

Брегалница славеше убедлива победа од 5-0 против Плачковица на пријателскиот натпревар во Нов Дојран. Штипјани беа доминантни, а одличен натпревар одигра Дарко Додев кој беше двигателот во играта на Брегалница во првото полувреме.

Веќе во 20. минута по нафрлањето на Додев од слободен удар, на вториот дирек највисок во скокот со глава Дарко Стојанов кој ефектно стрела за водство од 1-0. Во 23. минута, откако во противничкиот шеснаесетник беше соборен Додев, сигурен реализатор од белата точка за водство од 2-0 е Мартин Стојанов.

Во 30. минута нова убава акција и нафрлање од левата страна, а пред голот на Плачковица, офанзивецот Кудијан од десетина метри погоди за 3-0. Во 39. минута и еден од најдобрите фудбалери на теренот, Додев и самиот се запиша во листата на стрелците за 4-0.

Во второто полувреме продолжи доминацијата на „сините“, а во 52. минута по едно одлично проигрување од длабочина погоди и нововлезениот Ристе Наумов за конечни 5-0.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови