Македонскиот прволигаш Брегалница објави дека е завршена соработката со четворица фудбалери, напаѓачот Милан Ѓокиќ, дефанзивците Александар Борха Кордоба и Даниел Мојсов како и фудбалерот од средниот ред, Адис Хаџановиќ.
„По крајот на договорите завршена е соработката со Милан Ѓокиќ, Александар Борха Кордоба, Даниел Мојсов и Адис Хаџановиќ. Во тек се разговорите со пооделни фудбалери на кои им се завршени договорите во желбата за заеднички јазик за продолжување на соработката. Јасно е дека, во желбата за креацијата на новиот изглед на тимот, нашите цели и амбиции се нови адекватни засилувања за максимална компетитивност во Првата лига следната сезона“, вели шефот на стручниот штаб на Брегалница, Горан Здравков.
Нов едногодишен договор со штипјани потпиша искусниот дефанзивец Горан Силјановски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski