По пласманот во полуфиналето од Купот на Македонија, фудбалерите на Брегалница денеска ги очекува нов предизвик во 16. коло од Втората лига – Исток, пресметката во Прилеп со Победа.
Шефот на стручниот штаб на „сините“, Добринко Илиевски верува во квалитетен натпревар во кој Брегалница влегува со желба за трите бода.
„Во позитивна атмосфера го очекуваме натпреварот со Победа, по онаа победа против Лабуништа и пласманот во полуфиналето од Купот. Натпреварот во Струга имаше висок ритам и многу голови, па посакувам во тој стил да биде и утрешниот во Прилеп. Ние на секој натпревар одиме на триумф, па така ќе биде и против Победа. Секако желбата е да одиграме квалитетно и да дојдеме до бодовите. Очекувам фер и коректна игра и од двете екипи“ – вели Илиевски.
Тиквеш, пак, од 14 часот во Пехчево гостува на Кит Го. Натпревар кој, без сомнение, го привлекува најголемото внимание во источната второлигашка конкуренција.
Шефот на стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев ја препушта фаворитската улога на кавадарчани, но нагласува дека неговите избраници како и на секој досегашен натпревар сезонава максимално ќе атакуваат на бодовите.
„Кит Го на секој натпревар сезонава сака да се надигрува со секој противник, и нормално да дојде до победата. Така ќе биде и на утрешната пресметка против Тиквеш. Јасно е дека максимално ја почитуваме екипата на Тиквеш која е составена од искусни фудбалери и за која може да кажеме дека е фаворит пред натпреварот. Но, нашата желба и амбиција е секако бодовите да останат во Пехчево“ – вели Грнев.
Поради препораката од Владата за превенција од коронавирусот, денешните натпревари од двете второлигашки конкуренции ќе се играат без публика.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (16. коло, 14 ч.)
Беласица – Питу Гули
Кит Го – Тиквеш
Победа – Брегалница
Кожуф – Осогово
Каменица Саса – Плачковица
Во западната конкуренција, пак, најинтересни ќе биде во Битола каде Пелистер го пречекува Велазерими. Скопје гостува на екипата на Дрита.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (16. коло, 14 ч.)
Дрита – Скопје
Кораб – Кадино
Охрид – Вардар Форино
Пелистер – Велазерими
Гостивар – Лабуништа (утре, 14ч.)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Нејмар ќе потпише нов договор со Сантос
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













