Новиот прволигаш Брегалница продолжува победички во Втората лига Запад. Во Штип, избраниците на Марјан Секуловски гo совладаа Кит Го со 2-1. Ристе Наумов во 49.минута и Андреј Кудијан во 74.минута беа стрелци на головите за Брегалница, откако Кит Го поведе со погодокот на Тони Мичковски во 27.минута.
Тиквеш со 3-1 го совлада составот на Каменица Саса. Јорданчо Наумоски и Симеон Христов донесоа брзо водство, а Едиз Спахиу во второто полувреме го постави конечниот епилог.
Слога Виница славеше на гости против Кожуф. Богдан Велиновски во 42.минута и Игор Момировски во 80.минута погодија за гостите.
Победа оствари минимален триумф (0-1) на гости против Осогово со голот на Кисески во 17.минута, а Плачковица со голот на Славчо Јанев во 25.минута го победи Росоман со 0-1.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski