Брегалница продолжува со политиката на ангажирање млади и перспективни фудбалери од Штип. Најново засилување на „сино-белите“ е 20-годишниот Андреј Велков, кој игра на позицијата лев бек и од кого се очекува да донесе квалитет плус на двете страни од теренот.
Велков досега во кариерата го носеше дресот на Брегалница, Брера Струмица и Тиквеш, а има и богато репрезентативно искуство за својата возраст. Тој ги помина младинските селекции на Македонија до 19 години, додека неодамна беше дел и од репрезентацијата до 20 години.
Минатата недела Велков настапи за Македонија У20 на Медитеранските игри во Таранто, Италија, каде што со своите настапи остави одличен впечаток.
По настапот на меѓународната сцена, младиот дефанзивец повторно се враќа во својот матичен клуб, каде што ќе има можност да продолжи со развојот и да се наметне како важна опција во составот на Брегалница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













