Бразилската ѕвезда на рускиот футсал, Фелипе Алекс, ненадејно почина на 32-годишна возраст, објавија локалните медиуми. Трагичниот настан се случи само неколку часа по натпреварот на неговиот тим, Норилск Никел.
Фудбалерот починал на аеродромот во Ухта, каде тимот гостувал во меч за Купот на Русија. Додека чекал да се качи на авион, му се слошило, а секунди подоцна паднал и си ја удрил главата од земјата. Очевидците велат дека прво му била изведена срцева масажа, а потоа лекарите се обиделе да го оживеат со дефибрилатор, но за жал безуспешно. Алекс остава зад себе сопруга и две деца.
Фелипе Алекс играше за Норилск Никел од 2020 година, запишувајќи 140 натпревари, 67 голови и 55 асистенции. Роден во Сао Паоло, кариерата ја започнал во академијата на Коринтијанс и подоцна стигнал до првиот тим. Пред да дојде во Русија, настапувал во Шпанија и во португалскиот Спортинг. Во 2024 година беше прогласен за играч на годината на Норилск Никел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













