Connect with us

Бразилецот Ренатињо го засили Тиквеш

Тиквеш продолжува да го засилува својот тим за новата сезона, а најново име во редовите на кавадаречкиот прволигаш е бразилскиот фудбалер Жоао Габриел Фереира Сантос – Ренатињо.

Клубот официјално го потврди неговиот ангажман, со што Ренатињо стана уште еден интернационалец кој ќе го носи дресот на Тиквеш. Во Кавадарци веруваат дека токму неговото искуство и квалитет ќе донесат дополнителна вредност во составот.

Избраниците на тренерот Оливер Богатинов имаа одличен старт на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако убедливо го совладаа Арсими со 5-1 на домашен терен. Токму новите странски засилувања оставија силен впечаток во премиерното коло и најавија дека Тиквеш ќе биде сериозен конкурент во продолжението од шампионатот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови