Македонскиот вицепрвак Шкендија не чекаше долго по заминувањето на Лиридон Љатифи и Мохамед Алхасан, па веќе го претстави првото засилување за новата сезона.
Нов член на тетовскиот клуб е 26-годишниот бразилски играч за врска Рафаел да Силва, кој пристигнува како слободен фудбалер по истекот на договорот со албанскиот клуб Тирана.
Да Силва зад себе има солидна сезона во албанското првенство, каде што одигра 32 натпревари, постигна четири гола и забележа една асистенција. Станува збор за фудбалер од средниот ред кој треба да внесе дополнителна креативност и стабилност во играта на Шкендија.
Пред настапите во Албанија, Бразилецот го носеше дресот на Коимбра во својата татковина, а дел од кариерата мина и во португалскиот Лешоеш.
Со овој трансфер, Шкендија го отвори летниот преоден рок и најави дополнителни промени во ростерот пред европските предизвици и настапот во квалификациите за Конференциската лига.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













