Фудбалската репрезентација на Бразил забележа значајна победа против Колумбија со 2-1 во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со овој триумф, Бразил ја продолжува својата борба за висок пласман во квалификациите, додека Колумбија претрпе нов пораз.
Натпреварот започна со агресивна игра на Бразил, кој рано успеа да дојде до водство. Веќе во шестата минута, судијата досуди пенал во корист на домашната селекција, кој успешно го реализираше Рафиња. Колумбија израмни во 41. минута, кога Луис Дијаз искористи добра акција и го совлада противничкиот голман.
Во Колумбија во 64. минута постигна погодок, но беше поништен поради офсајд. Натпреварот доби драматичен крај кога Винисиус Жуниор во 99. минута постигна гол од далечина, со што ја осигура победата за својата репрезентација.
Со оваа победа, Бразил се искачи на второто место на табелата со 21 освоен бод и со победа зема залет на дуелот со Аргентина.
Перу ја совлада Боливија со 3-1 и остана во игра за пласман на Светското првенство 2026.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













