Шкендија останува во игра за место во групната фаза од Конференциската лига, откако вечерва во Скопје го совлада словенечки Браво со 3-1 и ја надополни негативата од првиот натпревар (1-2). Со вкупни 4-3, македонскиот претставник обезбеди пласман во третото квалификациско коло, каде ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Хибернијан и Малишева.
Тетовци од самиот старт тргнаа офанзивно и целосно ја презедоа контролата врз играта, создавајќи неколку добри можности пред голот на словенечкиот состав. Сепак, и покрај иницијативата, први до погодок стигнаа гостите. Во 17. минута Аринзе маестрално со пета го проигра Јован Станковиќ, кој остана сам пред голот и прецизно погоди за 0-1.
Примениот гол не ја поколеба Шкендија, која продолжи да напаѓа во ист ритам. Наградата стигна во 36. минута, кога по нафрлувањето на Алмир Крејзиу од левата страна, Јован во обид да интервенира ја испрати топката во сопствената мрежа за 1-1.

На почетокот на второто полувреме домашните го комплетираа пресвртот. Во 50. минута Тамба испрати одличен центаршут од десната страна, а Крејзиу со силен удар со глава ја затресе мрежата за 2-1 и целосно ја врати неизвесноста во двомечот.
До самиот финиш Шкендија беше подобар противник, но не успеваше да ја материјализира доминацијата. Кога се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, на сцена стапи новото засилување Марко Ѓорѓиевски. Во 88. минута напаѓачот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна победничкиот гол за 3-1, со кој ја однесе Шкендија во следната рунда од квалификациите.
Тетовскиот состав така направи голем чекор кон нов европски успех, а во третото квалификациско коло ќе ги одмери силите со Хибернијан или Малишева.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Втора лига
Мите Цикарски го засили Пелистер
Интернационалци
Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА













