Connect with us

Брајтон со три гола го поздрави Челси (ВИДЕО)

Челси доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Брајтон во 34. коло од Премиер – лигата, каде домаќините славеа со 3-0 и целосно ја надиграа лондонската екипа.


Брајтон уште од стартот ја наметна својата игра и првата голема шанса пристигна преку Каору Митома, но Роберт Санчез реагираше и спречи рано водство. Сепак, по изведениот корнер, одбраната на Челзи капитулираше — Јан Пол ван Хеке погоди за 1-0.


До крајот на првиот дел, домаќините имаа уште неколку сериозни прилики, додека Челзи делуваше неорганизирано и без контрола во играта. Во одредени моменти, Брајтон лесно создаваше вишок во шеснаесетникот на гостите.


Во второто полувреме, во 56. минута, Брајтон ја удвои предноста. По брза акција, Џорџинио Рутер асистираше, а Карлос Балеба ја смести топката во мрежата за 2-0.


Челси не успеа да најде одговор, а во судиското продолжение конечниот резултат го постави Дени Велбек, кој го искористи последниот напад на натпреварот и ја запечати победата од 3-0 за Брајтон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови