Брајтон приреди изненадување и со драматичен пресврт го победи новиот англиски шампион Ливерпул со 3-2 на домашен терен. Натпреварот понуди возбудувања, многу шанси и вкупно пет погодоци, а тимот на „галебите“ покажа карактер и борбеност, особено во второто полувреме.
Ливерпул поведе рано преку Харви Елиот во деветтата минута, но Јасин Ајари во 32. минута израмни за Брајтон. Сепак, „црвените“ повторно ја вратија предноста преку Доминик Шобошлаи во самиот финиш на првото полувреме.
Во вториот дел, домашниот тим одигра многу поагресивно. Каору Митома погоди во 69. минута за 2-2, а младата надеж Џек Хиншелвуд ја запечати победата на Брајтон во 85. минута со прецизен удар.
Со оваа победа, Брајтон испрати силна порака дека и покрај тешката сезона останува опасен ривал, додека Ливерпул го заврши натпреварот со горчлив пораз по освојувањето на титулата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Тихо Костадинов се пресели во Словачко
Евро-фудбал
Мбапе неизвесен за дуелот со Реал Сосиедад
Прва лига
Силекс и Башкими одиграа без голови













