Вардар и Црвена Звезда утревечер (20 часот) на Арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе одиграат хуманитарени натпревар во спомен на жртвите од трагичниот пожар во Кочани, а како што соопштија од таборот на „црвено-белите“, на натпреварот ќе присуствуваат и бројни легенди на клубот од Белград. Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски, кој доби награда за животно дело од Црвена Звезда, потоа Илија Најдоски, Дарко Панчев, Драган Канатларовски, Владимир Петровиќ Пижон…ќе бидат дел од фудбалскиот меч и ќе продефилираат на полувремето.
„Фудбалскиот клуб Црвена звезда на 16 април (среда) од 20 часот ќе одигра хуманитарен натпревар со Вардар во Скопје во чест на трагично загинатите во пожарот во Кочани, а на споменатата средба ќе присуствуваат и ветераните на Црвена Звезда.
Дел од хуманитарниот настан ќе бидат и легендарни фудбалери на нашиот клуб, како Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Бошко Ѓуровски, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Жарко Ѓуровиќ, Драган Канатларовски, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ, Горан Попов…
Ветераните на Црвена звезда ќе излезат на теренот на полувремето од мечот меѓу Вардар и нашиот клуб и ќе направат почесен круг, а претходно, од 17 до 19 часот, ќе се дружат со навивачите во фан-зоната.
Потсетуваме дека целиот приход од натпреварот ќе биде наменет за семејствата на загинатите во страшната несреќа“, стои во соопштението на Црвена Звезда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Слот: Се радувам што ќе се врати Салах













