По значајната победа на Вардар од 2-1 против Лозана во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, свое мислење сподели играчот за врска, Немања Босанчиќ. Според него, „црвено-црните“ заслужено се радуваа на триумфот, но предупредува дека ништо не е завршено.
„Како што рече и тренерот, натпреварот беше динамичен. Цела недела се подготвувавме токму за таков стил на игра и мислам дека одигравме одлично. Заслужено победивме, иако има неколку детали кои мора да ги поправиме. Сепак, Лозана и натаму останува фаворит во реваншот. Ова беше само прво полувреме – пред нас се уште 90 минути. Имаме мала, но значајна предност и верувам во нашиот тим“, изјави Босанчиќ.
Победникот од двомечот меѓу Вардар и Лозана во третото квалификациско коло ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан), а првиот натпревар заврши без победник, 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













