Connect with us

Борусија Дортмунд го сопре налетот на Хофенхајм (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го совладаа Хофенхајм со 2-0 на „Сигнал Идуна Парк“, во еден од најинтересните дуели од 13. коло во Бундес-лигата.

Хофенхајм пристигна во Дортмунд во одлична форма – со пет победи и едно реми на последните шест натпревари – и имаше шанса да скокне на третото место. Но, „милионерите“ не дозволија изненадување и ја наметнаа својата игра, со што ги задржаа третата позиција со 28 бода, само еден помалку од Лајпциг. Лидерот Баерн, пак, останува на сосема друго ниво.

Борусија Дортмунд го отвори резултатот во 43. минута. Карим Адејеми блесна со брз пробив по десната страна, го проигра Коуто, кој нафрли во шеснаесетникот. Гирасу не успеа да стигне до топката, но тоа се покажа како идеално за Борусија – од втора линија навреме пристигна Џулијан Брант и од шест метри ја испрати топката во мрежата за 1-0.

Победата беше запечатена во 60. минута. По еден корнер кој првично беше блокиран, топката повторно стигна кај Свенсон. Борусија разви убава акција, Свенсон го проигра Коуто, кој нафрли. Таму Нмеча врати по земја кон Нико Шлотербек, а стоперот со фантастичен удар во пад од околу 15 метри ја погоди мрежата, за 2-0.

До крајот Дортмунд ја контролираше играта. Гирасу погоди статива во 90. минута, додека Хофенхајм немоќно се обидуваше да се врати во мечот. Борусија стигна до целосно заслужени три бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови