Connect with us

Борнмут го објави наследникот на Андони Ираола

Од Борнмут решија уште отсега да го објават својот менаџер за следната сезона, откако стана јасно дека Андони Ираола ќе ја напушти функцијата во клубот во текот на летото. Така „црешките“ официјално потврдија дека наследник на шпанскиот стручњак ќе биде Марко Росе.


Договорот на германскиот тренер, кој ќе стапи на сила на 1 јули, ќе биде со времетраење од три сезони. За 49-годишниот стратег ова ќе биде прво искуство во Премиер – лигата, но може да се пофали дека претходно ги водел Салцбург, Борусија Менхенгладбах, Борусија Дортмунд и Лајпциг, од каде што замина во март 2025 година.


Борнмут се наоѓа на осмата позиција во англиската елита со 48 освоени бодови и има реални шанси за пласман во европските натпреварувања следната сезона. Тимот е непоразен на последните 13 натпревари во првенството, со вкупен биланс од 11 победи, 15 ремија и 7 порази.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови