Connect with us

Борче Христов ќе има мисија да го врати Пелистер во Првата лига

Пелистер официјално го назначи Борче Христов за нов шеф на стручниот штаб, откако со искусниот стратег потпиша двегодишен договор.

Од битолскиот клуб истакнаа дека договорот е склучен со јасно дефинирани цели и амбиции, а главната задача ќе биде експресно враќање на Пелистер во Првата македонска фудбалска лига.

Христов зад себе има богато искуство во македонскиот фудбал, како и значајна меѓународна кариера. Последен ангажман имаше во Тиквеш, а претходно ги предводеше Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија. Во странство беше дел од стручните штабови на Карабах и Зира.

Од Пелистер веруваат дека неговото знаење, карактер и визија ќе бидат важен фактор во исполнувањето на амбициозните цели на клубот.

Подготовките за новата сезона ќе започнат на 9 јули, кога е закажана првата прозивка и официјалниот старт на подготовките за претстојните предизвици.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови