Connect with us

Бомба од Турција: Фенербахче се заинтересира за Мартин Мирчевски

Најдобриот стрелец во македонскиот шампионат, голгетерот на Академија Пандев, Мартин Мирчевски, е интересен за турскиот гигант Фенербахче. Како што откриваат турските медиуми, раководството на Фенербахче ќе отпочне преговори за негов ангажман во наредните неколку дена.

Скаутите на клубот добиле одлични информации за Мирчевски и неговите реализаторски способности, а го следеле и на подготовките во Анталија, по што се отвора можност за сензационален трансфер.

Мирчевски има уште шест месеци од актуелниот договор со Академија Пандев, а во есенскиот дел од првенството постигна 16 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови