
Реал Мадрид ја загуби трката за титулата во Ла Лига, но на „Бернабеу“ веднаш следи голема реконструкција. Доаѓа Чаби Алонсо за тренер, кој побара Лука Модриќ да остане како лидер во соблекувалната, одбраната ќе биде засилена со Дин Хујсен од Борнмут и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, но „бомбата“ од Мадрид одекна вечерва.
Реал го купува шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс од Атлетик Билбао. „Кралевите“ ќе ја активираат откупната клаузула вредна 58 милиони евра и ќе го доведат талентираниот крилен напаѓач на „Бернабеу“.
Тој минатиот преоден рок беше многу блиску до трансфер во Барселона, а сега најверојатно ќе заврши во Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
