Connect with us

„Бомба“ од Мадрид: Килијан Мбапе го напушта Реал?

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната, бидејќи е разочаран од раководството на клубот.

Оваа бомбастична информација ја објави новинарот Франсоа Гајардо во емисијата „Ел Чирингито“. Тој тврди дека Реал Мадрид нема намера да се спротивстави на одлуката на францускиот напаѓач, кој сака кариерата да ја продолжи во Премиер-лигата.

Според информациите од Шпанија, Мбапе е незадоволен од односот на клубот поради тоа што Реал Мадрид не дал активна поддршка за неговата кандидатура за „Златната топка“.

27-годишниот Мбапе е член на Реал Мадрид од 2024 година. Досега со „кралскиот клуб“ ги освоија Суперкупот на Шпанија и Интерконтиненталниот куп, но во неговата колекција сè уште недостигаат трофеите во Лигата на шампионите и Ла Лига.

Интересно е што самиот Мбапе претходно призна дека пред трансферот во Реал Мадрид бил многу блиску до преселба во Ливерпул.

Доколку најавите се покажат како точни, францускиот голгетер би можел да биде една од најголемите трансфер-приказни во летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови