Во одложениот дуел од 16. коло на Серија А, Болоња запиша вредна гостинска победа над Верона на „Бентегоди“, славејќи со 2-3. Со овој триумф, Болоња ја прекина серијата без победа која траеше речиси два месеци и се искачи на осмата позиција на табелата со 30 бодови, додека Верона остана закована на дното со 13 поени.
Домашниот тим прв го отвори резултатот во 13. минута, кога по една брза контра преку Сар и Орбан, токму Орбан од работ на казнениот простор ја погоди мрежата за 1-0.
Радоста на Верона траеше само осум минути. Болоња изнуди слободен удар од десната страна, а по кратката комбинација Фројлер – Орсолини, крилниот напаѓач со прецизен удар од околу 15 метри ја смести топката во спротивниот агол за израмнување на 1-1.
Гостите продолжија со притисок и во 29. минута направија целосен пресврт. Миранда испрати долга топка од својата половина до Домингез, кој веднаш ја врати во средината за Одгард, а овој со сигурен удар од работ на шеснаесетникот го совлада Монтипо за 1-2.
Непосредно пред паузата, во 43. минута, Сантијаго Кастро го постигна најубавиот погодок на мечот. По додавањето од Побега, тој со силен волеј ја погоди пречката, а топката потоа заврши во мрежата за 1-3 за Болоња.
Верона во второто полувреме се обиде да се врати во игра и тоа ѝ успеа во 71. минута, кога Орбан испрати центаршут од десната страна, а Ремо Фројлер несреќно ја смести топката во сопствениот гол, поставувајќи ги конечните 2-3.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Прва лига
Силекс во финишот ја шокираше Струга ТЛ
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)













