Баерн Минхен ќе гостува кај Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите значително ослабен поради големиот број повредени фудбалери.
Големото германско дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд заврши без победник, 2-2. Баварците двапати имаа водство, но избраниците на Нико Ковач не се предадоа и на крајот успеаја да стигнат до израмнување.
Во Баерн секако има одредено разочарување поради ремито, но резултатот не е најлошото нешто што го снајде германскиот гигант на оваа средба.
Имено, Баерн остана без двајца исклучително важни фудбалери, Исмаел Саибари и Серж Гнабри.
Саибари по дуелот со голманот на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел, заработи кинење на лигаментите на скочниот зглоб. Од баварскиот клуб потврдија дека мароканскиот фудбалер веќе e опериран и дека го очекува подолга пауза.
Ниту Серж Гнабри нема да му биде на располагање на стручниот штаб најмалку неколку недели. Германскиот репрезентативец заработи повреда на бутниот мускул, поради што, исто како Саибари, мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме.
Дополнителна загриженост предизвика и повредата на Мајкл Олисе, кој побара замена. Сепак, спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, истакна дека во клубот веруваат оти неговата повреда не е толку сериозна како оние на Саибари и Гнабри.
Проблемите за Баерн не завршуваат тука. За дуелот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите германскиот шампион нема да може да смета ниту на Мануел Нојер, Луис Дијаз и Џамал Мусиала, кои сè уште се опоравуваат од повредите.
Како дополнителен удар, на клупата на Баерн во Мадрид нема да биде ниту тренерот Вeнсaн Компани, кој исто така има здравствени проблеми.
Така, баварците ги очекува исклучително тешко гостување во Мадрид, на кое ќе мора да се справуваат со сериозни кадровски проблеми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













