Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е пред трансфер во шкотскиот прволигаш Абердин. Тој ги договорил личните услови со раководството на клубот, а сега останува Абердин да ја договори и отштетата со МТК, унгарскиот клуб кој испадна од елитата. Потоа Миовски ќе потпише четиригодишен договор со Абердин.
Миовски, како и Стефан Спировски и Себастијан Херера, речиси сигурно ќе заминат од МТК, бидејќи унгарскиот клуб едноставно нема потреба да ги задржи во второлигашка конкуренција. Оттука, јасно е дека МТК и Абердин во наредните денови ќе се договорат и трансферот на Бојан Миовски во Шкотска ќе се реализира.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski