Connect with us

Бојан Миовски пред заминување од Глазгов Ренџерс?

Бојан Миовски е сè поблиску до заминување од Глазгов Ренџерс, откако македонскиот напаѓач се најде во целосен втор план кај новиот тренер Мекинес.

Според информациите од Шкотска, Ренџерс е подготвен да го продаде Миовски пред затворањето на преодниот рок, бидејќи клубот во него повеќе не гледа сериозна опција за нападот.

Македонскиот репрезентативец пристигна на „Ајброкс“ минатото лето од Џирона, но не успеа да ја добие очекуваната улога. Наместо да се промени неговиот статус со доаѓањето на Мекинес, ситуацијата стана уште понеповолна.

Иако новиот стратег често игра со двајца напаѓачи, Миовски практично не добива простор. Дури и повредата на Шермити не беше доволна за Македонецот да добие поголема минутажа.

Во досегашниот тек од сезоната, Миовски има одиграно само 15 минути на официјалните натпревари. Во меѓувреме, конкуренцијата станува уште посилна.

Ренџерс го доведе Кевин Келси од Портланд за рекордни 9,5 милиони фунти, додека шкотскиот гигант е пред комплетирање и на трансферот на Ибрахима Балде од француски Родез.

Ваквата политика на клубот јасно покажува дека иднината на Миовски во Глазгов е под голем знак прашалник. Без простор во тимот и со нови напаѓачи пред него во хиерархијата, најлогично решение е разделба уште во овој преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови