Поранешниот тренер на Работнички и екс-репрезентативец, Бојан Маркоски, ќе биде нов тренер на кипарскиот Енозис Паралимни. Маркоски ќе преземе екипа која се наоѓа во исклучително тешка ситуација и важи за една од најслабите во Европа, со само еден освоен бод по 15 одиграни натпревари – едно реми и дури 14 порази.
Иако речиси сигурно ќе ја заврши сезоната на последната позиција, Енозис сè уште има теоретски шанси за опстанок преку плеј-аут фазата, иако реално тие се минимални.
За Маркоски ова нема да биде непозната средина, бидејќи како фудбалер настапуваше за Енозис во периодот од 2009 до 2012 година. Во текот на својата играчка кариера во Кипар, тој беше дел и од Аполон, Аја Напа, Отелос и Етникос Ахна.
Тренерската кариера ја започна како асистент во Етникос, подоцна беше и прв тренер на истиот клуб, а работеше и во АЕЛ Лимасол. На почетокот од актуелната сезона кратко ја предводеше и екипата на Работнички, но по серијата слаби резултати се раздели со „романтичарите“.
Своето деби на клупата на Енозис Маркоски се очекува да го има на 3 јануари, кога неговиот тим ќе гостува кај АПОЕЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













