Connect with us

Бодо/Глимт го шокираше Интер и во Милано (ВИДЕО)

Норвешкото чудо продолжува да сјае во ЛШ. Бодо/Глимт го шокираше Интер среде Милано, триумфирајќи со 1-2 на „Џузепе Меаца“ и обезбедувајќи пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. По победата од 3-1 во Норвешка, избраниците на Кнутсен одиграа зрело и храбро и на гостински терен, комплетирајќи историски подвиг.

Интер упати дури 30 удари кон голот, но тимот предводен од Кристијан Киву немаше завршница. Неефикасноста беше сурово казнета од дисциплинираниот и тактички перфектен норвешки состав.

Јенс Петтер Хауге во 58. минута го отвори резултатот, а по смртоносен контранапад Хакон Евјен зголеми на 0-2 во 72. минута.

Алесандро Бастони намали на 1-2 во 76. минута, но тоа беше само почесен погодок – премалку и предоцна за пресврт.

Во останатите натпревари, Њукасл повторно го совлада Карабах, овојпат со 3-2 во реваншот, додека Баер Леверкузен одигра 0-0 на домашен терен против Олимпијакос, но со оглед на двата гола предност од првиот меч во Грција, сигурно обезбеди место во следната фаза.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови