Connect with us

Бобан Николов донесе триумф за Вардар во Штип

Штипјанецот Бобан Николов му донесе значајна победа (0-1) на Вардар на гостувањето кај Брегалница. Со неговиот погодок, скопските „црвено-црни“ славеа со минимални 0-1 и освоија исклучително важни три бода во трката за шампионската титула.

Домаќините пружија силен отпор и беа рамноправен противник во поголемиот дел од мечот, но на крајот останаа со празни раце.


​Брегалница подобро го отвори натпреварот и уште во почетните секунди се закани преку Глигоров. Во 18. минута добра прилика пропушти и Иван Николов, а само две минути подоцна Рајков со глава биеше за малку крај голот.

​Нереализираните шанси на домашните пристигнаа за наплата во 24. минута. По еден центаршут на Јанкулов од десната страна, Коцев кратко ја исфрли топката, а на неа налета Бобан Николов, кој со прекрасен удар од прва ја смести топката во долниот десен агол од голот на Филевски за 0-1.

​До крајот на првото полувреме Брегалница продолжи со нападите, а најсериозната можност ја имаше Стојанов во 39. минута, но Талески реагираше одлично и ја сочува мрежата на Вардар.
​
​Вториот дел започна со уште една голема шанса за домашниот тим. Максимов се најде сам пред противничкиот гол, но се сплетка во одлучувачкиот момент, овозможувајќи му на Талески навремено да интервенира.

​Вардар можеше да ги разреши сите дилеми околу победникот во 83. минута, но обидот на Закариќ мајсторски го одбрани Филевски.

​Последната можност за израмнување Брегалница ја имаше во 89. минута преку Николов, но вардарци со соодветна доза среќа ја расчистија опасноста и ја заклучија победата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови