Connect with us

Близината со Мбапе одлучувачка: Покетино ќе остане во ПСЖ и следната сезона?

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, може да остане на функцијата и следната сезона, делумно благодарение на поддршката од суперѕвездата Килијан Мбапе, објави „Л’Екип“.

Според информациите, по обновувањето на договорот со клубот, напаѓачот најавил дека има „одлични односи“ со актуелниот тренер и ќе прифати да игра под водство на Покетино следната сезона.

Договорот на Аргентинецот истекува следното лето.

Сега се чини дека Покетино нема да ја има судбината на Леонардо. Поддршката на Мбапе може да биде одлучувачка, бидејќи 23-годишниот фудбалер изрази одобрување Аргентинецот да остане на „Паркот на принцовите“ и јавно и приватно.

Минатиот месец Покетино во интервју изјави дека и тој и Мбапе ќе останат 100% во клубот и следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови