Тренерот на Струга ТЛ, Бледи Шкемби, е презадоволен од триумфот над Вардар (0-1) во дербито од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига. Тој истакна дека трите бода имаат големо значење за самодовербата на екипата, особено затоа што се освоени против директен конкурент.
„Ова е многу важна победа за моралот на тимот, но и затоа што триумфот против директен ривал има посебно значење. Сакам да им честитам на фудбалерите за жртвата што ја направија. Овие три бода се целосно нивна заслуга“, изјави Шкемби.
Стратегот на стружани дополнително го потенцираше залагањето на своите играчи, кои, според него, успешно се справиле со тешките моменти во текот на натпреварот.
„Многу сум задоволен од победата. Веќе кажав дека момците го оставија срцето на теренот и успеаја да менаџираат многу тешки ситуации во текот на играта“, додаде Шкемби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













