Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, смета дека светската фудбалска организација е подготвена за историска промена и дека е време жена да застане на нејзино чело. Деведесетгодишниот Швајцарец ја посочи претседателката на Норвешката фудбалска федерација, Лисе Клавенес, како идеален кандидат за наследник на Џани Инфантино, кој во последниот период се соочува со сѐ поголем притисок поради контроверзите околу неговите идеи за вклучување приватни инвеститори во турнирите на ФИФА.
„Лисе Клавенес заслужува огромно признание. Таа е единствената која отсекогаш имала јасен став и никогаш не се водела според моменталните околности. Верувам дека ова е вистинското време жена да ја преземе функцијата претседател на ФИФА“, порача Блатер преку социјалните мрежи.
Клавенес (45) е на чело на Норвешката фудбалска федерација од март 2022 година, а нејзиниот мандат се совпадна со значителниот напредок на норвешкиот фудбал. Под нејзино раководство, машката репрезентација обезбеди пласман во четвртфиналето на последното Светско првенство.
Пред да влезе во раководните структури на фудбалот, Клавенес беше репрезентативка на Норвешка, за која одигра 73 натпревари и постигна девет голови. По завршувањето на активната кариера се стекна со диплома по право.
Во април годинава, таа јавно побара ФИФА да ја повлече наградата за мир што Џани Инфантино му ја додели на американскиот претседател Доналд Трамп, што дополнително ја зацврсти нејзината позиција како еден од најгласните критичари на актуелното раководство на светската фудбалска централа.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













