Пелистер продолжува активно да го засилува тимот во обид што побрзо да се врати во елитното македонско друштво. Ново име во составот на битолскиот клуб е искусниот Благојче Спиркоски, кој по пауза од пет години повторно ќе го облече зелено-белиот дрес.
Спиркоски се враќа во Битола по шестмесечниот престој во ГФК Охрид, а неговото искуство се очекува да биде важен адут во амбициозниот проект на Пелистер за експресен камбек во Првата македонска фудбалска лига.
Во текот на својата кариера, Спиркоски настапуваше за повеќе македонски клубови. Првите фудбалски чекори ги направи во Хоризонт Турново, а потоа ги бранеше боите и на Кожув, Тиквеш, Гостивар, Шкупи, Македонија ЃП, Победа, Еуромилк и 11 Октомври, градејќи репутација на искусен и сигурен фудбалер.
Во меѓувреме, новиот тренер Борче Христов продолжува со составувањето на ростерот за претстојната сезона. Од Пелистер најавуваат дека активностите на трансфер-пазарот не се завршени и дека во наредните денови ќе биде претставено уште едно засилување, со кое дополнително ќе се зајакне конкуренцијата во тимот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













