Македонскиот второлигаш Охрид Лихнидос промовираше ново засилување за продолжението на сезоната, откако клубот постигна договор со искусниот Благоја Спиркоски.
Со неговото доаѓање, охридскиот тим добива квалитет и стабилност во средниот ред, што треба да биде значаен адут во амбициозната трка за пласман во Првата македонска фудбалска лига.
„Спиркоски ни пристигнува од Кожуф и за нас претставува едно од клучните засилувања во битката за елитата. Станува збор за фудбалер од средниот ред со богато искуство и речиси 150 настапи во Првата лига. Во текот на кариерата настапуваше за Победа, Македонија Ѓорче Петров, Пелистер, Гостивар и Тиквеш. Воедно, ГФК Охрид ги продолжи договорите со сите постојни играчи, а во следниот период ќе бидат претставени уште две нови имиња“, соопшти второлигашот од Охрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













