Connect with us

Билетите за простувањето на Един Џеко во дресот на БиХ пламнаа за само 14 минути

Един Џеко на 2 октомври против Шведска ќе го одигра последниот натпревар за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а интересот за неговото збогување е огромен.

Стадионот „Билино Поле“ во Зеница ќе биде преполн. Сите 11.000 билети пуштени во продажба се распродадени, и тоа за само 14 минути. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина потврди дека повеќе нема слободни влезници, а за мечот пристигнале речиси половина милион барања.

Огромната побарувачка веднаш доведе и до препродажба на билетите по вртоглаво повисоки цени.

Влезниците за северната и јужната трибина во официјалната продажба чинеле 40 конвертибилни марки, односно околу 20 евра. По распродажбата, на огласите се појавиле по цени од 150 до 200 марки.

Уште поголем скок има кај билетите за западната трибина. Тие официјално се продавале за 60 конвертибилни марки, околу 30 евра, но еден билет бил понуден за неверојатни 500 евра.

Тоа е повеќе од 16 пати повисока цена од онаа по која билетот првично бил купен.

Џеко на почетокот на септември објави дека натпреварот против Шведска ќе биде негов последен во репрезентативниот дрес.

За Босна и Херцеговина дебитираше во 2007 година, а досега има 151 настап и 73 гола. Со тоа е убедливо најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

„Дојде време да се повлечам“, порача Џеко при најавата на репрезентативното збогување.

Неговиот последен натпревар за Босна и Херцеговина ќе биде одигран пред преполното „Билино Поле“, каде навивачите ќе му оддадат почит на капитенот по речиси две децении во националниот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови