Connect with us

Билали: Размислуваме само за победа на мечот против Македонија ЃП

Во желбата за враќање на победите, Шкупи ја пречекува Македонија ЃП во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Навистина добро ја одработивме паузата поради репрезентативните настапи. Подготвени сме максимално за натпреварот против Македонија ЃП. Не сакам да размислувам за противникот, но единствено е важно како ние ќе одиграме на терен. Ако одговориме на задачите зададени од тренерот мислам дека нема да има проблем да дојдеме до посакуваната победа“ – вели дефанзивецот на Шкупи, Амир Билали.

Интересна пресметка на двајцата поранешни македонски селектори Никола Илиевски – Џиџи и Ѓоко Хаџиевски, овој пат како предводници на Ренова и Беласица, денеска во рамките на 24. коло од Првата македонска фудбалска лига во Тетово.

Ренова игра одлична пролет заокружена со две победи и три ремија, па дефинитивно популарниот Џиџи посакува неговиот тим да продолжи во ист ритам. Од друга страна, Беласица има лош старт на пролетта во битката за опстанок. Ова ќе биде прв натпревар за Ѓоко Хаџиевски како прв тренер на струмичани кои ги чека тежок испит под Шара.

ПМФЛ – 24. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ (1. мај 2019)

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови