Македонскиот шампион Вардар и по првото полувреме од реваншот во Куопио останува со два гола негатива во двомечот против КуПС, предност што финскиот првак ја стекна со победата од 0-2 на првата пресметка во Скопје.
„Црвено-црните“ одиграа солидни 45 минути на денешниот натпревар, но мрежите мируваа и на паузата резултатот е 0-0.
Бобан Николов ја имаше првата добра можност уште во четвртата минута, кога одзеде топка во опасната зона, но неговиот удар од работ на шеснаесетникот заврши за малку покрај голот.
КуПС возврати со обид по удар од аголот, но без поголеми проблеми за Давор Талески. Во 26. минута Азер Омерагиќ за малку не успеа да ја зафати топката по убавото нафрлување на Николов.
Во завршницата од првото полувреме, КуПС имаше добра можност преку Армах, но за среќа на Вардар неговиот удар беше непрецизен.
Вардар има уште 45 минути да се обиде да ја анулира негативата од 0-2 од првиот натпревар во Скопје и да се врати во битката за пласман во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













