Бетис ја оправда фаворитската улога и со сигурна победа од 2-0 против полската Јагиелонија направи голем чекор кон полуфиналето на Конференциската лига. Шпанскиот тим беше далеку подобар противник на свој терен и уште во првото полувреме ги реши дилемите околу победникот.
Седрик Бакамбу го отвори резултатот во 24. минута, а до крајот на првиот дел, Гвидо Родригез го постави конечниот резултат. Јагиелонија не успеа сериозно да се закани, иако македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра солиден натпревар и беше еден од најдобрите поединци во тимот на гостите.
Во Словенија, Фиорентина ја потврди својата класа и славеше со 1-2 на гостувањето кај Целје. Италијанците поведоа со головите на Раниери и Мандрагора, додека Делаурие-Шаубет намали од пенал за домаќините. „Виолетовите“ ќе бидат големи фаворити во реваншот во Фиренца.
Најнеизвесниот дуел се одигра во Стокхолм, каде Ѓургарден минимално загуби од Рапид Виена со 0-1. Автоголот на Финдел во 62. минута беше единствениот погодок на натпреварот и му донесе важна предност на австрискиот тим пред реваншот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













