Connect with us

Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)

Бетис стигна до значајна победа на гостувањето кај Вилјареал, совладувајќи го домаќинот со 1-2 во натпреварот од петтото коло во шпанската Ла Лига.

Вилјареал подобро го започна дуелот и прв дојде до предност. Во 29. минута Жерар Морено се запиша во листата на стрелците и го доведе својот тим во водство од 1-0.

Сепак, Бетис експресно возврати и за само четири минути направи целосен пресврт. Кучо Ернандез во 39. минута го израмни резултатот, а во 43. минута Натан погоди за 1-2 и му донесе предност на гостинскиот тим пред паузата.

Вилјареал во второто полувреме тргна офанзивно во потрага по израмнување и создаде неколку опасни ситуации пред голот на Бетис. Сепак, гостинската одбрана беше на висината на задачата и успеа да го зачува минималното водство до последниот свиреж.

Со трите бода освоени на „Естадио де ла керамика“, Бетис стигна до 12 бода и се искачи на делба на второто место на табелата заедно со Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови