Бетис и Севилја одиграа возбудливо градско дерби кое заврши без победник (2-2), во 26. коло од Ла Лига.
Средбата започна во урагански ритам. По експлозивен пробив на Ез Абде и обидот на Кучо Ернандес, Антони со атрактивни ножички ја крена публиката на нозе и донесе предност од 1-0. Само неколку минути подоцна следуваше нова мајсторија, Абде прецизно го проигра Алваро Фидалго, кој со удар со надворешниот дел од копачката го совлада Одисеас Влаходимос за 2-0.
Но, дербито на Севиља ретко кога минува без пресврт. Во второто полувреме гостите заиграа поофанзивно и во 62. минута Алексис Санчес со удар со глава ја намали предноста по центаршутот на Оса. Кулминацијата пристигна во 85. минута, кога Исак Ромеро со силен удар од работ на шеснаесетникот израмни на 2-2.
Во финишот тензиите ескалираа – од трибините летаа предмети кон фудбалерите на Севиља, па арбитерот Рикардо де Бургос мораше да реагира. Бетис имаше шанса повторно да поведе преку Абде, кој ја погоди стативата по уште еден соло-продор, додека Акор Адамс се закани на спротивната страна.
По сè видено, ремито од 2-2 претставува најреален исход на дербито кое понуди голови, пресврти и вистинска андалузиска страст.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













