Манчестер Јунајтед сепак ќе го продаде Ентони на Бетис. Шпанскиот клуб постигна договор со „црвените ѓаволи“ за трансферот на 25-годишното крило во вредност од вкупно 25 милиони евра. Дополнително, Манчестер Јунајтед ќе добие и 50% од сумата во случај на понатамошна препродажба на Бразилецот.
Шпанците ќе платат 22 милиона евра веднаш, а уште 3 милиони се предвидени како бонуси. Иако страните одамна се согласија за трансферот, зделката беше стопирана поради несогласувања околу тоа како ќе се реши прашањето со намалувањето на платата на играчот, која ја добиваше во Манчестер Јунајтед. Во иднина англискиот клуб нема да му исплаќа ништо на Бразилецот.
Ентони имаше договор со Јунајтед од 6 милиони евра годишно и бараше клубовите да му ја надоместат разликата од 4 милиони евра, со која ќе се соочи доколку неговата плата во Ла Лига биде намалена. Минатата сезона тој ја мина втората половина како позајмен играч во Бетис, каде што постигна пет гола и запиша две асистенции на 17 натпревари во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













